Skip links
Додипломски студии

Филмска и ТВ режија

следен уписен рок во првa година студии: 2026

Студиската програма по Филмска и ТВ режија се организира како четиригодишни академски студии (осум семестри), усогласени со Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС). Целта на програмата е подготовка на професионални автори – филмски и телевизиски режисери, способни за креативно, технички прецизно и критички ориентирано дејствување во современиот медиумски и културен контекст.

Наставата се реализира преку интеграција на теоретски и практични предмети, со посебен акцент на индивидуалната и тимската работа во рамките на наставната продукција. Студентите се здобиваат со знаења за режисерската анализа, визуелниот јазик, работа со актери, сценарио и процесите на аудиовизуелна продукција.

Програмата опфаќа:
- Основи на филмска и ТВ режија;
- Развој и анализа на сценарио;
- Визуелна композиција, раскажување и концептуализација;
- Работа со актер и тим;
- Реализација на кратки филмови, ТВ формати и колаборативни проекти.

Студентите работат во директна соработка со колегите од студиските програми по снимање, монтажа, продукција и актерска игра пред камера, што овозможува продлабочена интердисциплинарна едукација и непосредно искуство во симулирани продукциски услови.
По завршување на студиите, студентот се стекнува со звање Дипломиран филмски и телевизиски режисер, квалификуван за професионален ангажман во филмската, телевизиската и дигиталната индустрија, како и за понатамошни истражувања и авторски развој.

Шеф на студиска програма

ред. проф.
МИТРИЌЕСКИ Антонио, Д-р

Суденти запишани во 2024/2025

класата ја водат
ред. проф. ВЕЦОВСКИ Игор, Д-р
и вон. проф. ИЛИЕВ Дејан, М-р
со доц. ЦИРИВИРИ Илија, М-р

Илиеска Искра
Кочишка Рамона Моња
Маркоска Андреа
Павловска Тадеа
Петреска Мартина

Предмети
Филмска и ТВ режија
Филмско и ТВ сценарио
Филмско и ТВ снимање
Филмска и ТВ монтажа
Актерска игра пред камера
Филмска техника и технологија
Електронска техника и технологија
Снимање и обработка на тон
Теорија на филмот
Историја на филмот
Историја на уметноста
Костимографија
Применета музика
Основи на продукција
Основи на драматургијата
Сценографија
Компаративна книжевност
Естетика
Психологија и психопатологија
Македонски јазик
Студиска програма

— Студиска програма - Филмска и ТВ режија (2022)

— Студиска програма - Филмска и ТВ режија (2017)

Решение

— Решение за акредитација

— Решение за почеток на работа

Пристапница за Алумни клубот

на Факултетот за драмски уметности