Студиската програма по Филмска и ТВ монтажа се реализира како четиригодишни академски студии (осум семестри) според Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС). Програмата има за цел едукација на професионални монтажери подготвени за креативно и технички прецизно дејствување во областа на аудиовизуелната уметност, со посебен фокус на филмската и телевизиската продукција.
Основната задача на наставата е стекнување теоретски и практични знаења поврзани со јазикот на сликата, ритамот на раскажување, визуелната нарација и принципите на аудиовизуелната монтажа. Комбинацијата на индивидуална менторска работа, практична настава и интердисци-плинарна соработка со другите студиски програми овозможува развој на комплетен и самостоен уметнички и технички профил.
Наставната програма опфаќа:
- Основи и напредни техники на монтажа;
- Теорија на аудиовизуелна нарација;
- Работа со софтвери и технолошки решенија за филмска и ТВ продукција;
- Историја на филм и анализа на стилови;
- Практична работа на студентски и копродуцирани проекти.
Студентите активно се вклучуваат во процесот на постпродукција на кратки играни и документарни филмови, телевизиски формати и други форми на дигитална содржина, во соработка со студентите по режија, снимање, актерска игра и продукција.
По завршување на студиите, студентот се стекнува со звање Дипломиран филмски и телевизиски монтажер, квалификуван за работа во медиумски куќи, филмски студија, постпродукциски компании и самостојни авторски проекти.