Skip links
Додипломски студии

Театарска и филмска драматургија

следен уписен рок во првa година студии: 2026

Студиската програма по Драматургија е организирана како четиригодишни академски студии (осум семестри), усогласени со Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС). Програмата е наменета за едукација и стручна подготовка на идни драматурзи, со фокус на развој на индивидуални авторски, критички и теоретски способности во доменот на драмските и медиумските уметности.

Целта на програмата е стекнување на суштински познавања од Областа на драмското пишување, структурата на драмскиот текст, сценската и филмската драматургија, како и соодветна запознаеност со историскиот развој на драматуршките форми, од античка трагедија до современи интермедијални практики.

Програмата се состои од основни и изборни курсеви по:
- Драматургија, филмско и ТВ сценарио;
- Теорија на литература и драмска структура;

- Истражување и практика во областа на драмската адаптација и интерпретација;
- Пишување оригинални драмски текстови и сценарија;
- Соработка со студенти по актерска игра, режија и продукција во заеднички проекти.

Наставниот процес се одвива во форма на предавања, семинари, вежби и менторирана самостојна работа. Програмата овозможува и вклучување во театарски институции како драматуршки соработници, со што студентите се подготвуваат за професионално дејствување како автори, уметнички советници, критичари и програмски уредници во културниот и медиумскиот сектор.

По успешно завршување на студиите, студентот се стекнува со звање Дипломиран драматург и е квалификуван за ангажман во театарски институции, медиуми, издаваштво, културни проекти и истражувачки активности во областа на драмските уметности.

Шеф на студиска програма

ред. проф.
СТЕВАНОВИЌ Маја, М-р

Суденти запишани во 2024/2025

 

класата ја водaт

ред. проф. СТЕВАНОВИЌ Маја, М-р
со доц. КОКАЛАНОВ Сашо, М-р

 

Трајковска Оливија

Предмети
Драматургија
Филмско и ТВ сценарио
Основи на театарска режија
Основи на филмска и ТВ режија
Сценографија
Костимографија
Теорија на филмот
Историја на филмот
Историја на уметноста
Историја на светска драма и театар
Македонска драма и театар
Естетика
Психологија и психопатологија
Применета музика
Македонски јазик
Студиска програма

— Студиска програма - Театарска и филмска драматургија

Решение

— Решение за акредитација

— Решение за почеток на работа

Пристапница за Алумни клубот

на Факултетот за драмски уметности