Skip links
трет циклус студии

Докторски уметнички студии

Докторските уметнички студии се во рамките на Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, со фокус на примена и авторизација на уметнички, стручни и истражувачки достигнувања во сценскоизведувачките и/или аудивизуелните уметности. Студиите ја усовршуваат експертизата на кандидатите за самостојно водење на комплексни уметнички и теориски истражувања и уметнички ангажмани ускладени со индивидуалните насочувања во различни дисциплини и домени – театар, филм, дигитални медиуми, актерска игра, драматургија, театарска режија, театрологија, продукција и маркетинг во уметноста и медиумите, филмско сценарио, филмска и тв режија, филмска и тв монтажа,... Во текот на тригодишните студии, докторантите ги проучуваат, истражуваат и креативно се изразуваат во бројни аспекти на уметничкото творештво во сценскоизведувачката и аудиовизуелна сфера. Конципирани се за систематско градење на уметничките, стручните и научни компетенции и спроведување на сложени академски задачи преку единство на настава, уметничка и истражувачка работа. Студиите се усогласени со современи светски тенденции и се прилагодуваат со индивидуалните вредносни критериуми, афинитети и професионални определби на сите докторанди. Истражувачкиот процес вклучува анализи и експерименти со кои се открива сопствена уметничка поетика и се формулира личниот став кон уметноста. На тој начин, докторандите ги развиваат своите уметнички, технички и интелектуални способности, како и посебност во контекст на барањата на современите текови на сценскоизведувачките и аудиовизуелните уметности. Односно, студиите ги стимуираат нивните авторските пристапи и ја поттикнуваат индивидуалната имагинација во создавање на наменски флуидни врски помеѓу практичните и теориски компоненти во нивното творештвото.

Студиска програма за трет циклус студии

Структура на студиите

Изборни наставни предмети на студиската програма

Услови за запишувањe

Запишувањето на докторските студии се врши врз основа на конкурс кој го објавува Универзитетот. Називот на конкурсот е: Конкурс за запишување студенти на трет циклус студии – докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (во натамошниот текст: конкурс).

Условите и критериумите за запишување на студентите на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги пропишува Ректоратот на Универзитетот во согласност со законските прописи и препораките на Министерството за образование и наука.

Право за запишување на докторски студии имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат основните критериуми:

  • завршен II циклус на студии усогласени со европскиот кредит-трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС-кредити);
  • завршени постдипломски студии по студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 60 кредити од обука за истражување и едукација;
  • стекната стручна подготовка според студиски програми и остварени најмалку 300 ЕКТС-кредити;
  • остварен просечен успех од сите предмети од претходно завршеното високо образование, од најмалку 8,00;
  • познавање на еден од светските јазици. Доказ за познавање на светски јазик е сертификат од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ или меѓународен сертификат или диплома за претходно стекнато образование на соодветниот светски јазик.

За кандидатите кои не ги исполнуваат условите од алинеја 4 на овој член, во зависност од спецификите на научната област, советот на студиската програма може да утврди дополнителни критериуми за запишување.

Соодветноста на претходно завршените студии се утврдува од страна на советот на студиската програма за докторски студии. Советот на студиската програма, во зависност од спецификите на научната област, може да утврди дополнителни критериуми за запишување кои се составен дел на конкурсот.

Право на запишување на докторски студии имаат и странски државјани согласно со закон и со Правилник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Критериуми за рангирање на кандидатите:

  • Успехот стекнат на претходниот интегриран циклус односно претходните два циклуса;
  • Објавени, прикажани, поставени сценскоизведувачки и аудиовизуелни уметнички дела;
  • Учество на домашни и меѓународни сценскоизведувачки и аудиовизуелни фестивали и проекти;
  • Награди од домашни и меѓународни фестивали;
  • Учество во меѓународни проекти;
  • Интервју;
  • Мотивациско писмо;
  • Препораки и други специфични критериуми.
Решенија

— Решение за акредитација на студиска програма

— Решение за почеток со работа на трет циклус студии

Докторски дисертации на докторанти на Факултетот за драмски уметности - Скопје:

Докторска дисертација на тема:

Примена на методот на Харолд Гaскин во претставата „Белградска трилогија“ на Биљана Србљановиќ

Д-р Нина Николиќ

Докторска дисертација на тема:

Ресемантизација на митемите во постдрамските форми на театaрот (Електра: Случаи)

Д-р Сашо Димовски

Докторска дисертација на тема:

Примената на симболите на режисерот Иса Ќосја во документарниот филм „Траги“

Д-р Беким Селе

Докторска дисертација на тема:

Конкурентска предност: Глобализацијата на дигиталниот филмски израз

Д-р Илија Циривири

Докторска дисертација на тема:

Поетиката на театарскиот режисер и педагог Владимир Милчин

Д-р Кристина Леловац

Докторска дисертација на тема:

Теорија и практика на документарниот филм (Казимиеж Карабаш, Столе Попов, Мајкл Мур)

Д-р Антонио Митрикески

Докторска дисертација на тема:

Драмата во театарот и драмата во телевизијата - Од реалистичниот театар до ТВ серија -

Д-р Деан Дамјановски

Докторска дисертација на тема:

Стратешко позиционирање на организација од културата и уметноста - Фундамент на ефективна комуникација со публиката

Д-р Игор Вецовски

Докторска дисертација на тема:

Менаџирање и репутација на јавните културни институции

Д-р Мери Георгиевска

Докторска дисертација на тема:

Организациска структура и раководење во институциите од областа на културата - Студија на случај - МСУ Скопје -

Д-р Мира Гаќина

Докторска дисертација на тема:

Митопоетските елементи во современата македонска драматругија

Д-р Мишел Павловски

Докторска дисертација на тема:

Функцијата на костимот во Македонската театарска продукција помеѓу 1950 и 1985 година

Д-р Ивана Јарчевска

Докторска дисертација на тема:

Од монодрамата... до филмското сценарио („Непозната долина“)

М-р Ментор Зимбераj

Пристапница за Алумни клубот

на Факултетот за драмски уметности