Центарот за кариера на ФДУ има за цел да ги подготви студентите при преминот од академскиот живот до професионални ангажмани, да ги поврзе со работодавачите и да им понуди поддршка во стекнување на знаења и вештини кои се потребни во современиот професионален свет. Тоа ќе го постигнеме со тоа што:
на студентите ќе им овозможиме пристап до најновите информации за важните потреби, работодавачи и можности за понатамошно образование, како и информации за можностите за вработување и извршување на практична настава;
ќе им помогнеме на студентите конструктивно да размислуваат за дадените можности;
позитивно и проактивно ќе обезбедиме информации, водство и поддршка за изнаоѓање институции и компании за исполнување на практичната настава, стажирање и/или вработување и други општи и поединечни барања;
ќе организираме работилници, кратки курсеви, разговори и претставување на работодавачите со што ќе им помогнеме на студентите подобро да го разберат бизнис светот и да ги совладаат вештините неопходни за организирање и успешно водење на сопствена кариера;
ќе соработуваме со сродни и други факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и ќе ги поттикнуваме континуираните партнерства со останатите академски заедници во РСМ и надвор од неа;
обезбедуваме информации за можностите за вработување и извршување на практична настава.
да им помага на студентите на Факултетот во развојот на знаења и вештини кои ќе им бидат од значење при вработување;
да им помогне во стекнување на работно искуство во текот на студиите и да ги подготви студентите за успешно преминување на следното ниво во развојот по дипломирањето;
да им помогне да дојдат до информации за можностите околу дополнително образование, стипендии во земјата и странство и понуди за работа;
да ги поврзе со бизнис заедницата. Корисници на услугите на Центарот за кариера се сите студенти (постоечки и дипломирани) и вработени на ФДУ и работодавачите.
ФДУ е во постојан контакт со останатиот деловен свет со цел да им овозможи на студентите соодветно да ги задоволат потребите на компаниите кои регрутираат идни кадри од областа на сценско-изведувачките и аудиовизуелните уметности. Центарот за кариера обезбедува соработка со институции и бизнис секторот и ги упатува студентите на практична работа, ги следи информациите за стипендии, а по завршување им нуди помош при вработување и го следи нивниот развој во кариерата.
Студентите имаат можност низ практична работа да се здобиваат со знаење и лично да ги запознаат своите идни партнери и работодавачи. Со тоа се отвораат неограничени можности секој студент да го искористи своето теоретско и практично знаење во разни домашни и странски институции и компании, не само во РСМ туку и во странство.
ФДУ склучува договори за соработка односно согласност за изведување на практична обука со бројни компании и институции, а информациите за практичната обука постојано се ажурираат.
За работодавците:
Заради остварување на подобра соработка со Вашата компанија и поврзување на студентите и дипломираните на ФДУ, Центарот за кариера Ви ги предлага следните активности:
Претставете им се на студентите и на дипломираните што бараат работа, кажете им на сите зошто сте подобар работодавец од другите. Ви нудиме презентација на:
Вашата компанија;
бизнис културата и професионалните вредности на Вашата компанија;
Пронајдете студенти кои ќе работат на одреден проект - ќе добиете квалитетна услуга, нови идеи и можност прв да одберете некој од најдобрите уметници и професионалци.
Поделете го своето знаење со студентите. Одржете им предавање, работилница, семинар... Влијателно сугерирајте какво знаење и вештини ќе имаат Вашите идни вработени.
Извонредна можност на дело да ги видите своите потенцијални вработени, да ги обликувате според своите потреби и да го промовирате општествено одговорното работење на својата компанија.
Вам ви се потребни млади, вредни луѓе за хонорарна и привремена работа, а на нашите студенти им е потребно практично искуство - Центарот за кариера на ФДУ е тука да ве поврзе.
Бидете спонзор на активностите кои ги реализира Центарот за кариера - Вашите идни вработени ќе го ценат вниманието кое сте им го посветиле додека биле на студии.
Сите услуги на Центарот за кариера се бесплатни за регистрираните студенти и работодавачи.