Алумни филозофијата за поврзување на факултетите со неговите дипломирани студенти е од особено значење за просперитетот и развојот на многу високообразовни институции во светот. Последниве десет години, алумни филозофијата е препознатлива и во многу европски земји, откако е утврдено дека алумни заедницата е исклучително важна карика помеѓу факултетите и нивните некогашни студенти, а денес етаблирани граѓани со високи уметнички дострели и на високи и одговорни функции во општеството.
Вашето членство во алумни клубот на ФДУ е од особено значење за проширување на активностите со кои ќе успееме да го подигнеме дигнитетот и значењето на професиите: драмски актери, драматурзи, сценаристи, продуценти, театарски и филмски режисери, театролози, филмски и ТВ сниматели и монтажери и ќе придонесеме за уште поголем развој на факултетот.
Главна цел на алумни клубот е да се обиде да ги вмрежи поединците кои со својот углед и работа можат да му помогнат на ФДУ за да продолжи развојот на добрите односи со сите Вас кои поттикнувате позитивни иницијативи. Воедно, односите со алумните ќе изградат солидна база за понатамошни активности и стратегија, ќе создадат база на податоци и осмислување на програми за заедничко остварување на поставените цели.

• Поврзување - брза и достапна размена на информации.
• Берза на работа, совети и идеи кои ќе можат да ги разменуваат алумнистите.
1. Професионално и општествено поврзување на дипломираните и редовните студенти од земјата и надвор од неа, наставниот и соработнички кадар на ФДУ.
2. Подигнување на дигнитетот, значењето и имиџот на драмските актери, драматурзи, сценаристи, продуценти, театарски и филмски режисери, театролози, филмски и ТВ сниматели и монтажери.
3. Промовирање, лобирање и зајакнување на јавната поддршка (приватна и државна) на ФДУ.
4. Ангажирање на алумни членовите за специјални предавања за студентите на ФДУ.
5. Осовременување, консултации и усогласување на студиските програми со потребите и барањата на сценскоизведувачките, аудиовизуелни и останати институции.
6. Одржување на традицијата на ФДУ.
Според Член 6 од Правилникот за алумни клубот на ФДУ член е секој што успешно завршил било која студиска програма на Факултетот, и секое вработено и пензионирано лице на Факултетот.
Драги алумни и пријатели на ФДУ, пополнете ја online ПРИСТАПНИЦАТА (или преземете ја за доставување преку e-mail или во печатена форма) со која практично станувате член на Алумни клубот на ФДУ.
Информациите за актуелните настани и активности се на линкот Известувања за членовите на Алумни клубот.
Информациите за актуелните настани и активности се на линкот Известувања за членовите на Алумни клубот.
— Правилник