Skip links

Академска сцена

Академската сцена е магичен простор на ФДУ – нема послободна територија каде секој ден се случува по некоја синергија на творечка креативност, на уметничка храброст, на радост од совладана вештина во некој од драмските занаети, на остварен сон што ќе создава нова, автономна, генерациска или индивидуална уметничка визија. На сцената студентите ги претставуваат знаењата, способностите и уметноста што ја создаваат, скоро без исклучок пред полна сала и мошне често со долг аплауз. Таа е местото каде едни студентите стануваат идни професионалци, а други ја создаваат иднината на вкупното скопско и македонско културно живеење.

На Академската сцена можат да се видат испитни претстави и филмови, работилници и мастеркласови. Но таа ја слави и уметноста во целина, без да ја ограничи на само една дисциплина или перспектива – отворена е и за идни уметници што студираат ликовна, применета или музичка уметност, архитектура, филолошки науки, итн. Затоа репертоарот на Академска сцена изобилува и со независни театарски и филмски проекти, изложби, концерти, промоции на книги, панел-дискусии, отворени предавања, … Важно е дека таа е редок (можеби и единствен) пример во земјата на сцена каде редовно може да се следат театарски изведби на македонски, албански и турски јазик, некои од нив од хуманитарен карактер. Вклучува студентите и публиката од различни етнички, социјални и културни позадини, создавајќи простор за заедничка уметничка креација и инклузивно уметничко доживување. Така Академска сцена не само што ја промовира вредната уметност од и за младите, туку е и место каде тие учат да бидат одговорни, толерантни, солидарни и прогресивни, со изграден морален став, несебични кон големата заедница на која ѝ припаѓаат: човештвото во најубавата смисла на овој збор.

  • 50+ настани
  • 10+ различни театарски престави
  • 20+ филмови, музички настапи...

— Правилник

— Пристапница

— Известување за членовите на Алумни клубот

Пристапница за Алумни клубот

на Факултетот за драмски уметности