Skip links

Претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“ на Академска сцена

„Артопија“ настапува во акцијата за донации за Леониод

„Да го поздравиш и да ми го бациш“ во продукција на независното здружение „Артопија“ вечерва во 21 часот ќе биде изведена на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Влезот е бесплатен, но ќе се собираат донации за младиот талентиран ученик Леониод Индов кој придружуван со цел лекарски тим деновиве беше пренесен со медикоптер на лекување во Виена. Секој петок во текот на месецов на настаните на Академската сцена ќе се собираат донации за лекување на Леонид.

,,Да го поздравиш и да ми го бациш“ е документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, соништата, за себеостварувањето и за соочувањето со општествените механизми на функционирање. Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода. Каков треба да биде театарот денес? Кое е неговото место во општеството? Кое е местото на младинците во општесвото во кое живееме? Претставата зборува и за: емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфликт помеѓу интутитивното и рационалното, за слика за вакуум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“ итн. Севкупно, актерите на сцена поставуваат прашања и отвораат дилеми барајќи начин да ги одговорат.

Пристапница за Алумни клубот

на Факултетот за драмски уметности